Американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор пред Конгресот. Тој зборуваше цели два часа. Говорот е првото големо обраќање на Трамп по враќањето во Белата куќа. Тој зборуваше за одлуките што ги донел досега, за Украина, царините, мигрантите.
Сенаторката Елиса Слоткин беше задолжена за одговорот на Демократската партија на синоќешниот говор на Доналд Трамп.
Во својот говор таа ја искористи можноста да ја повика новата администрација на Трамп за хаосот и неодговорноста што ги носи со себе.
Слоткин исто така го критикува начинот на кој претседателот се справува со војната во Украина, како и неговата конфронтација со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот петок.
„Таа сцена во Овалната соба не беше само лоша епизода од реално шоу. Тоа го сумира целиот пристап на Трамп кон светот“, рече таа.
„Тој верува во пријатноста кон диктаторите како Владимир Путин, а во исто време ги мава нашите пријатели, како Канада“.
„За него, водењето на Америка е само серија трансакции со недвижности“, рече таа.
Текстот Демократите бесни по говорот на Трамп: „Се зближува со Путин, ги отфрла пријателите“ е превземен од МАКФАКС.