Деми Мур повторно проговори за нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис, на кој му е дијагностицирана фронтотемпорална деменција. Во новото интервју таа откри информации за моменталната состојба на Вилис и како таа се справува со се.
„Секогаш ќе бидеме семејство, само во малку поинаков облик. За мене тоа никогаш не беше доведено во прашање. Се појавувам затоа што го правиш тоа за луѓето што ги сакаш“, изјави Мур за Variety.
Таа додаде дека секоја недела го посетува Вилис и им дава поддршка на неговата сегашна сопруга Ема Хеминг и нивните ќерки Евелин и Мејбел.
Деми ги има ќерките Румер, Скаут и Талула од бракот со Брус.
Брус Вилис ретко се појавува во јавноста од 2022 година. Тогаш прво му била дијагностицирана афазија, нарушување на говорот, кое подоцна напредувало во фронтотемпорална деменција. Неговата сопруга Ема често зборува за оваа дијагноза на својот Инстаграм.
Текстот Деми Мур секоја недела го посетува Брус Вилис: Доаѓам затоа што го сакам е превземен од МАКФАКС.