Холивудската актерка Деми Мур открила дека го изневерила својот прв сопруг, музичарот Фреди Мур, ноќта пред нивната венчавка во 1981 година — признание што го објави во своите мемоари.
Актерката, која тогаш имала 18 години, признала дека ја напуштила својата моминска вечер за да се сретне со маж што го запознала на снимање.
„Наместо да ги пишувам заветите, се искрав и отидов кај него“, напишала Мур.
Таа објаснила дека не можела да се соочи со своите сомнежи пред бракот, па го саботирала уште од почетокот.
„Бев егоцентрична тинејџерка која не била воспитана со многу почит кон бракот,“ додала актерката.
Бракот со Фреди Мур траел четири години, по што актерката се омажила за Брус Вилис, со кого има три ќерки, а подоцна и за Ештон Качер.
Текстот Деми Мур откри дека го изневерила сопругот ноќта пред венчавката: „Побегнав од сопствената моминска вечер“ е превземен од МАКФАКС.























