Децата кои не делумно или воопшто не се вакцинирани против пертусис, односно голема кашлица нема да се примаат во сите градинки во државата, а ќе има и засилени инспекции, најави денеска министерот за здравство Илир Демири, кој присустуваше на одбележување на Светскиот ден на глауком кој го организираше Клиниката за очни болести.
Мислам дека веќе пред две недели го организиравме ова. Оваа е трета недела како сум министер за здравство. Имајте го тоа предвид. Откако дојдов, веднаш пристапив кон тоа. Не само на територија на Скопје, каде што е прогласена епидемија, туку на државно ниво ќе има засилени инспекциски прегледи и ќе барам по секој начин да се вакцинираат оние, кои се невакцинирани. Да и во останатите градови ќе се враќаат од градинка, децата кои не се вакцинирани. Има потпишано таква наредба, одговори тој на новинарско прашање дали се задоцнети мерките, вонредните инспекциски надзори на ДСЗИ во градинките, да не се примаат деца делмно или целосно невакцинирани, изјави Демири.
Демири апелираше да се зголеми свесноста и значењето на тоа што значи вакцинација.
Со оглед на тоа што од денеска ДСЗИ ќе издава решение за забрана на деца во градинка, тој беше прашан дали има податоци колку решенија се издадени досега, на што, Демири одговори оти нема податок.
Во Македонија до 7 март се регистрирани 173 болни од голема кашлица, од кои 151 во Скопје.
Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат во петокот, на 8 март соопшти дека од денеска (11 март) ќе биде забранет прием во градинките на деца кои не се вакцинирани или се нецелосно вакцинирани со ДиТеПер вакцината.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.