Доброволната противпожарна бригада на селото Цел синоќа евакуираше 150 деца и млади луѓе кои учествуваа во извиднички камп во тој австриски регион, откако реката одеднаш се зголеми поради обилните дождови.

Пожарникарите, исто така, помогнаа во расклопувањето на шаторите, додека поради неповолните временски прогнози, кампот на крајот беше целосно откажан.

Според информациите од властите, човечките животи не беа директно загрозени, објави „Кронен Цајтунг“.

Неколку обилни дождови предизвикаа и интервенција на пожарникарите во западна Долна Австрија, според заменик-началникот на противпожарната служба на округот Амштетен, Јозеф Фуксбергер, додавајќи дека дел од градот Хајдерсхофен е целосно отсечен поради поплави.

Исто така, беше поставена подвижна одбрана од поплави за заштита на објектите, рече Фуксбергер.

Фото: принтскрин

Текстот Дел од Австрија под вода: спасени се 150 млади луѓе е превземен од МАКФАКС.