Делтакрон официјално стана нова варијанта на Ковид, со потврдени случаи во Франција и САД.
Станува збор за комбинирани мутации на корона вирусите од соевите омикрон и делта, а една лабораторија во Кипар веќе го истражувала овој вид на почетокот на годинава, потсетува „Скај њуз“.
Сега, виролозите од Институтот „Пастер“ во Париз го секвенционираа геномот на видот делтакрон.
Случаите се потврдени во неколку региони на Франција, каде сојот циркулира најверојатно од почетокот на јануари.
На брифинг на 9 март, Светската здравствена организација соопшти дека сојот бил откриен и во Холандија и Данска. Потврдени се и два случаи во САД. Научниците нагласуваат дека денес луѓето имаат значителен имунитет на двата вида и дека нема причина да се мисли дека тоа ќе претставува дополнителна закана за вакцините.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.