реклама
Американскиот бизнисмен Пол Кауфман на Медицинскиот универзитет во Виена му предаде делови од черепот за кои се верува дека му припаѓаат на познатиот композитор Лудвиг ван Бетовен.
Кауфман ги наследил парчињата познати како Селигманови фрагменти од имотот на неговата мајка, која ги добила од нејзиниот пра вујко, виенскиот лекар, медицински историчар и антрополог Франц Ромео Селигман (1808-1892). Селигман наиде на парчето череп кога коските на Бетовен беа ексхумирани за проучување.
реклама
Ректорот на Медицинскиот универзитет во Виена, Маркус Милер, рече дека е од најголема важност со посмртните останки да се постапува на етички одговорен начин.
„Станува збор за наоѓање вистинска рамнотежа помеѓу разбирливиот јавен интерес и почитта кон починатата личност“, рече Милер.
реклама
Кауфман рече дека се чувствува „многу привилегиран што може да ги врати парчињата од черепот на Бетовен таму каде што им е местото“.
Има вкупно 10 фрагменти, од кои две поголеми парчиња, едно од задниот дел на главата и едно од десната страна на челото.
реклама
Австрискиот патолог Кристијан Рајтер рече дека фрагментите се „навистина вреден материјал“ за кој се надеваат дека ќе продолжат да го истражуваат во наредните години, на пример врз основа на ДНК, за да откријат дали всушност се работи за Лудвиг ван Бетовен.
Австрискиот композитор е роден во Бон во декември 1770 година. Целиот живот страдал од лоша здравствена состојба и умрел во Виена во 1827 година. Тој, наводно, конкретно побарал неговото тело да се проучува по неговата смрт, објави градската управа.
реклама