Аргентинските власти ја продолжија истрагата за смртта на пејачот Лиам Пејн и планираат да разговараат со неговата девојка, инфлуенсерката Кејт Кесиди, која ја напушти Аргентина само два дена пред трагичниот настан.
Како што дознава „Њујорк пост“, Кесиди не е осомниченa за трагичниот настан, но се надеваат дека може да даде контекст за тоа што му се случило на пејачот
„Таа ќе помогне колку што може. Таа сака вистинските луѓе да бидат изведени пред лицето на правдата, а ако тоа значи да одговори на нивните прашања, таа ќе го стори тоа. Се разбира, нема причина да не соработуваме. Таа рече дека се обидува да помогне и дека сè уште е прогонувана од она што се случило. Секој што го снабдувал Лијам со дрога треба да биде кривично гонет“, рече изворот.
Пејачот трагично загина на 16 октомври откако падна од балконот на својата хотелска соба. Обдукцијата покажала дека Пејн во тоа време имал мешавина од дрога во крвта, а засега во полициската истрага се осомничени три лица – Рохелио „Роџер“ Норес, Брајан Нахуел Паиз и човек опишан само како „добавувач на дрога“. ”
Норес е близок пријател на Пејн кој секојдневно поминувал време со него за време на престојот на пејачот во Буенос Аирес.
Вториот осомничен, Нахуел, е поранешен келнер во хотелот „Каса сур Палермо“, кој наводно му продавал кокаин на пејачот за време на неговата посета на Аргентина. И трет маж бил осомничен за шверц на дрога два дена пред смртта на пејачот.
Додека истрагата продолжува, полицајците се надеваат дека изјавата на Кејт Кесиди ќе ги пополни празнините во знаењето на истражителите за двонеделниот престој на пејачкот во јужноамериканската земја.
Текстот Девојката на трагично починатиот Лијам Пејн во полиција: „Ја прогонува тоа што се случи“ е превземен од МАКФАКС.