Одредени лоши навики можеби сепак можете да ги припишете на вашиот хороскопски знак.
Овен
Луѓето родени под овој знак се многу импулсивни, можат да бидат тврдоглави и тешки за убедување, дури и со добри аргументи. Тие можат да бидат одмаздољубиви и агресивни кон оние кои ќе им замерат.
Бик
Биковите се исклучително тврдоглави луѓе, го следат својот пат и не се грижат за туѓите мислења дури и ако тоа би им го подобрило животот. Тие се донекаде материјалисти, но бидејќи сакаат да се чувствуваат сигурно – размислуваат за иднината.
Близнаци
Ова се луѓе кои можат да бидат многу вознемирени. Често се откажуваат од она што го започнале, бидејќи не се во можност да го задржат вниманието на нешто долго време. Не знаат како да се забавуваат.
Рак
Раковите имаат емоционални проблеми и се многу сомничави. Можат да бидат толку песимистички што е непријатно да ги имате во близина. Поради нивната прекумерна чувствителност, треба да бидете многу внимателни со секој збор и секоја акција.
Лав
Тие се најсебичните луѓе што можете да ги сретнете во животот. Можат да бидат арогантни, нетрпеливи и љубоморни на секој што мислат дека е подобар од нив.
Девица
Девиците имаат тенденција да бидат едни од најбруталните луѓе што ќе ги сретнете. Тие сакаат сè да биде совршено, не ги сакаат советите на другите луѓе и знаат како да критикуваат ако некој има различно мислење.
Вага
Ова се луѓе кои имаат тенденција да го менуваат мислењето. Размислуваат за нешто долго време, ги преиспитуваат работите. Можат да бидат многу мрзливи и често забораваат дека внатрешната убавина на луѓето е најважна.
Шкорпија
Луѓето родени под овој знак се многу љубоморни на сите, особено ако се во врска. Тие се исто така многу таинствени и имаат тенденција да манипулираат со другите за да прават што сакаат.
Стрелец
Стрелците се исклучително невнимателни кога станува збор за благодарност за она што веќе го имаат во животот – работа, училиште, семејство. Кога прават нешто, тие се фокусирани на тој момент, па може да им снема време.
Јарец
Овие луѓе имаат тенденција да бидат исклучително тврдоглави, а ова може да биде резултат на нивниот песимистички поглед на светот околу нив. Иако не би го рекле тоа за нив, тие можат да бидат срамежливи.
Водолија
Водолијата може да биде многу екстремна и непредвидлива во своето однесување и многу тврдоглава. Понекогаш навистина не е лесно со нив – тие се весели и ентузијастични во еден момент, а лути во следниот.
Риби
Рибите имаат тенденција премногу да идеализираат сè околу нив, па затоа често се разочаруваат кога ќе сфатат каква е реалноста. Луѓето родени под овој знак се обидуваат да избегнат одговорност кога нешто ќе се случи во нивниот живот.
Текстот Девиците обожаваат да критикуваат, а Шкорпиите да манипулираат: најлошите навики на хороскопските знаци е превземен од МАКФАКС.