Валон Етеми кој за првпат доби повик во „А“ селекцијата на Македонија за последните два квалификациски натпревари за Светското првенство уште еднаш ја потврди одличната форма во која игра за Истанбулспор.
Етеми од почетокот на сезоната постигнува голови и игра одлично во турската втора лига, па така доби и повик и од селекторот Благоја Милевски. Во вчерашниот натпревар против Менеменспор Етеми се избори за нов гол откако претходно мајсторски си создаде позиција.
— Stefan Daskalov (@StefanDaskalov5) November 5, 2021