Во Дебар и околината заедно со Центар Жупа од 19 октомври не е регистриран нов случај на болни од ковид-19. Засега никој нема објаснување зошто е тоа така, за разлика од речиси сите други општини каде болеста е во пораст.
Последните два случаи биле регистрирани на 19 октомври, а во текот на тој месец вкупно биле регистрирани четири случаи. Претходниот месец, во септември, како што јавува МИА; имало 112 ковид – позитивни лица, а во август вкупно 357 случаи.
Инаку во овој регион од почетокот на епидемијата во земјава, од ковид-19 починале 80 лица, а позитивни на вирусот биле 1.453 лица.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.