Дами, внимавајте на малите сигнали кои ви ги испраќаат партнерите.

Со децении сме навикнати на „утврдените приказни“ за машките емоции, нивните нескршливи срца и дека до брак се доаѓа поради годините, лудата заљубеност или очекувањата од средината.

Реалноста, кога станува збор за емотивни избори, одлуки и расудување е малку поинаква, особено ако зборуваме за зрел, исполнет и самоуверен маж.

Иако момците за време на младоста многу поретко од жените сонуваат за совршената свадба, семејство и љубов што го менува светот, има две причини поради кои мажот одлучува да стапи во брак.

1. Во тебе ја гледа мајката на неговите деца и столбот на семејството

На мажите ќе им треба повеќе време да одлучат дали сте „вистинската“, а во моментот кога ќе го сфатат тој факт, мислите ќе им тргнат во еден правец, иако нема веднаш да ве запросат. Неопходно е врската да стане достојна за свршувачка и брак. Бидете трпеливи и приврзани, а љубовната приказна од бајките нема да изостане.

2. Страв од губење на саканата личност

Иако на прв поглед овој факт изгледа површен и помалку важен, мажите потајно се плашат дека нема да можат да ги задоволат потребите на своите избранички и со овој потег можат да обезбедат љубов до крајот на животот во кој ќе ги исправат сите недостатоци.

Покрај овие две водечки причини за стапување во брачна заедница, на листата се придружуваат навиките, вистинската емоција, татковскиот инстинкт, традицијата…