Соединетите Американски Држави соопштија дека се „разочарани“ по објавата дека две лица под санкции на САД се вклучени во предложениот нов српски владин кабинет.
„Разочарани сме што гледаме две санкционирани лица предложени за функции во новата влада“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент за РСЕ во писмена изјава на 1 мај.
Станува збор за двајцата номинирани лица – Александар Вулин, кој е предложен за вицепремиер и Ненад Поповиќ, кој беше поставен за министер без ресор.
„Нашиот став за г-дин Вулин и г-дин Поповиќ е добро познат“, рече портпаролот на Стејт департментот.