Второто тело е извлечено од урнатините на петкатната станбена зграда во Суми, која беше оштетена од руски дрон, соопшти Украинската државна служба за итни случаи во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.
„При расчистување на урнатините на петкатната станбена зграда, работниците на Државната служба за итни случаи го извлекоа телото на второто мртво лице“, се вели во објавата.
Во нападот со дрон во текот на ноќта беа повредени и осум лица.
Ноќта меѓу 12 и 13 март, Русите со дронот Шахед погодија петкатна станбена зграда во Суми.
Претходните информации говореа дека во нападот едно лице загинало, а осум се повредени.
М. П.