Хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб го совлада Славен Белупо со 3-0 во 19. коло од хрватскиот шампионат, а одличен натпревар одиграа македонските фудбалски репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, кои запишаа вкупно три асистенции.
Андриќ го отвори резултатот во 13. минута по асистенција на Ристовски, а само шест минути подоцна Оршиќ погоди за 2-0 по асистенција на Адеми.
Третиот гол за Динамо повторно го постигна Оршиќ, и тоа во 25. минута, по асистенција на Ристовски.
Динамо има 34 бода и се наоѓа на третата позиција, додека првопласиран е Осиек со 39, а Риека има 37 бодови на второто место.