Двејн Џонсон, попознат како Карпата, неодамна ги загрижи обожавателите со својот забележително послаб изглед, но сега реши да стави крај на шпекулациите и да ја објасни заднината зад неговата трансформација на телото.

Поранешниот борач, сега еден од најплатените актери, се појави на Филмскиот фестивал во Венеција и на настанот „Миу Миу“ со својата колешка Емили Блант, а неговиот нов изглед предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, пишува LADbible.

@varietymagazine Emily Blunt and Dwayne Johnson, stars of “The Smashing Machine,” attend the #VeniceFilmFestival ♬ original sound – Variety

Обожавателите веднаш почнаа да дискутираат за здравјето на 53-годишниот актер, а некои на шега го нарекоа Каменчето поради неговата потенка фигура. Шпекулациите на крајот стигнаа и до самиот Џонсон, кој ја искористи можноста да ја разјасни ситуацијата и да ги смири оние што беа загрижени за него.

На Филмскиот фестивал во Торонто, Карпата потврди дека нема апсолутно причина за грижа.

Актерот потврди дека губењето на тежината е резултат на подготовката за улогата во филмот Chicken Man додавајќи: „Сè уште имам долг пат пред мене“.

Џонсон не е првиот актер што претрпел екстремна трансформација за улога. Кристијан Бејл, на пример, изгуби речиси 30 килограми за филмот The Machinist. За Карпата, промената означува и пресвртница во кариерата и желба да се оддалечи од улогите во акционите блокбастери.

Текстот Двејн Џонсон објасни зошто ослабел: „Сè уште имам долг пат пред мене“ е превземен од МАКФАКС.