Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Првиот земјотрес се случил на југот на Грција нешто по 8 часот утрово, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а само една минута подоцна следел уште еден, посилен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала.
Првично било соопштено дека земјотресот бил со јачина од 6 степени, но набрзо тој бил сменет на 5,7 степени според Рихтер.
Според ЕМСЦ, земјотресот се случил во морето, на само неколку километри од популарниот туристички остров Закинтос и 37 километри од градот Филијатра.