Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез може да ја продолжи кариера во Америка. Според новинарот Николо Шира, за 34-годишниот Уругваец се заинтересирани два клуба од МЛС-лигата.
Претходно се дозна дека Интер Мајами е заинтересиран за потписот на Суарез.
Актуелниот договор на уругвајскиот фудбалер со Атлетико завршува во јуни 2022 година.
Суарез оваа сезона одигра 24 натпревари, постигна осум голови. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 15 милиони евра.