Два земјотреси со јачина од 2,7 и 2,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погодија Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди населбата Гоч во општина Врњачка Бања во 7 часот и 18 минути, на длабочина од шест километри.

Вториот земјотрес, во 7 часот и 20 минути, со јачина од 2,9 степени ја погоди истата локација на длабочина од 10 километри.

 

Текстот Два земјотреси утрово во Србија е превземен од МАКФАКС.