Два брода со мигранти се превртеа во Индискиот Океан кај Мадагаскар, а бројот на жртви се зголеми на 25, соопштија денеска локалните власти.

Вкупно 48 луѓе беа спасени од водите во близина на северниот дел на Мадагаскар, а официјални лица велат дека мигрантите биле на море речиси еден месец со надеж дека ќе стигнат до француската територија Мајот.

На 2 ноември чамците ја напуштиле плажата во близина на главниот град на Сомалија, Могадишу, со 73 луѓе.

Не е јасно што го предизвикало превртувањето на чамците, а истрагата е во тек.

 

Текстот Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа е превземен од МАКФАКС.