Двајца полицајци се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Куманово.

Според информациите на МВР, вчера во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу „шкода јети“, сопственост на МВР, „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од Куманово.

Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот и совозачот – двајцата полициски службеници од возилото „шкода јети“, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Текстот Двајца полицајци повредени во сообраќајна несреќа во Куманово е превземен од МАКФАКС.