Две сообраќајни незгоди во кои учествувале велосипедити биле регистрирани во текот на вчерашниот ден во Скопје.

Според информациите од МВР, се работи за лица на возраст од 57 и 67 години кои завршиле со тешки повреди во скопските болници по удари од возила.

Првата несреќа се случила вчера околу 13 часот на булеварот Крсте Мисирков, кога автомобил управуван од М.А. (34) од Сарај, удрил во велосипед, управуван од Б.В.(67) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Втората несреќа, два часа подоцна, била пријавена на улицата Ферид Бајрам и Рокомија во Скопје, кога комбе  „мерцедес“, управувано од Н.И.(41) од с.Брест, општина Чучер – Сандево, удрило во велосипед, управуван од Р.Р.(57) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид.

Текстот Двајца велосипедисти завршија со тешки повреди во болница, ги удрија возила на скопските улици е превземен од МАКФАКС.