Дванаесет лица се полесно повредени во судирот на два автобуси попладнево на А1 кај излезот Вучевица кај Сплит.

Тројца претежно имале скршеници и како превентивна мерка се задржани во болница на опсервација, пишува „Индекс“.

Сообраќајната несреќа во која учествувале два автобуси се случила околу 13 часот и 45 минути на А1 во правец кон Загреб.

На местото на несреќата веднаш биле испратени служби за итна медицинска помош, полиција и пожарникари.

Во текот на попладневните часови беше извршен увид на местото на инцидентот.

Неофицијално се дознава дека сите повредени се полнолетни хрватски државјани кои се враќале од поклоничко патување.

Текстот Дванаесет лица се полесно повредени во судирот помеѓу двата автобуси во Хрватска е превземен од МАКФАКС.