Жени, дознајте зошто мажите понекогаш потфрлуваат и затоа не осудувајте ги веднаш. Сепак, за сексот не постои онаа добро познатата- нема втора шанса за прв впечаток.
Машкиот лош мозок
Мажите сакаат да остават силен прв впечаток, посебно кога сексот е во прашање. Но, во сексот важна улога игра психологијата, па често умеат сами себе да се избезумат и да се убијат во поим. Се обидуваат да не упропастат некој момент. А, тогаш нормално го упропастуваат со самото размислување.
Недостиг на вежби
Можно е мажот да не е во форма, ако не бил со девојката некое време. Но, тоа не е лошо. Знаете ли кој е одличен првиот пат? Мажите кои постојано ставаат цртки и не се баш прибирливи во изборот на девојка со која тоа го прават. Таквиот е супер за комбинација, но не ако и нешто ви значи.
Пијалок
Премногу испиени чаши од било што се гаранција за исплашен и мек пенис. Веројатно тоа понекогаш ви се случило, така што ова и не е некое преголемо изненадување.
Виновен е кондомот
Ако мажот завршил една врска во која девојката користела пилули (или не користела заштита) можеби ќе му биде тешко да се врати на кондоми. Но, кога ќе ја поврати контролата на кондомот, сексот може да биде неспоредливо подобар.
Непозната територија
Во ситуации кога допрва го открива вашето тело, мажите лесно може да се случи да го изгуби ритамот. Ќе му биде потребно некое време да го пронајде прекинувачот за вклучување како и истражување на некои деликатни перформанси. Не е лесно да и се каже на девојката дека направила нешто поради што пенисот постанува мек.
Премногу е рано
Не му поаѓа на секое момче од рака да ја одведе својата девојка со која излегува во кревет така брзо, колку што допуштаат законите на физиката. Понекогаш ако се впуштате во секс прерано, ситуацијата може да постане едноставно непријатна. Таа паника стапува на сцена, а добриот секс не сака паника.