„Генерално изборниот ден заврши успешно, без никакви проблеми и се гласаше законски и регуларно“, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Даштевски истакна дека е среќен, затоа што апаратите помогнале и сè поминало во најдобар ред.

Првиот човек на ДИК најави поконкретни резултати од локалните избори за утре.