Данската премиерка Мете Фредериксен денеска изјави дека официјален Копенхаген ќе испрати нов пакет воена помош за Украина во вредност од 247 милиони долари.
– Времето не е на страната на Украина. На бојното поле се брои само акцијата, потенцираше Фредериксен.
– Украинската борба за слобода е и наша борба, истакна премиерката на Данска.