
Во нападот што се случи вчера загинаа три лица, а четворица се тешко повредени. Полицијата соопшти дека уапсила осомничен во рок од 11 минути откако била повикана во трговскиот центар Филдс во близина на Копенхаген.
Утринава на прес-конференција, главниот инспектор од Копенхаген, Сорен Томасен, рече дека еден од тројцата убиени е руски државјанин кој живее во Данска, додека двајца Швеѓани и двајца Данци се тешко ранети.
Тој додаде дека напаѓачот кој отвори оган во трговски центар во Копенхаген, најверојатно дејствувал сам и ги избирал своите жртви по случаен избор.