Дани Алвеш, поранешен бразилски фудбалер, е ослободен од обвиненијата за силување пред Апелациониот суд во Барселона.

Поранешниот фудбалер на Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен претходно беше прогласен за виновен за силување жена во тоалетот на ноќен клуб во Барселона кон крајот на 2022 година, по неговото враќање од Светското првенство во Катар.

Тој во март минатата година со првостепена пресуда беше осуден на четири и пол години затвор, а по една година и два месеци затвор, откако плати гаранција од милион евра, беше пуштен на слобода.

Бразилецот остана на слобода, но без бразилскиот и шпанскиот пасош. Тој мораше да се јавува на суд секој петок и не му беше дозволено да ја напушти Шпанија додека не заврши судењето. Освен тоа, му било забрането да и се приближува на оштетената и морал да плати 150.000 евра отштета.

Но, до промената дошло бидејќи судот не го сметал исказот на жртвата доволен за да ја потврди пресудата, пренесува „Диарио“.

Алвеш во кариерата има освоено 42 титули, вклучувајќи три Лига на шампиони со Барселона и две Копа Америка со Бразил.

Најголемиот успех го постигна играјќи за Барселона, со која освои 23 трофеи од 2008 до 2016 година.

Текстот Дани Алвеш ослободен од обвиненијата за силување е превземен од МАКФАКС.