Независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска води пред Петре Шилегов со околу 1000 гласови разлика, според пребројани 18,10 отсто избирачки места, според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК). Арсовска има 14.313, а Шилегов 12.901 гласови.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната прес конференција рече дека според нивните анализи, Данела Арсовска има предност од 2.750 гласови во однос на кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов.

Според првичните податоци од ДИК, Шилегов води во Сарај, Центар, Шуто Оризари и во Чаир, а Арсовска води во Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и во Кисела Вода.