Фудбалерот на Интер, Дензел Дамфрис го продолжи договорот на уште три години, што значи дека во Милано ќе остане до 2028 година.

Холандскиот фудбалер со новиот договор ќе добие покачување на платата, па годишно ќе добива четири милиони евра, објавија италијанските медиуми. За разлика од медиумите клубот не ги соопшти финансиските детали од договорот на 28-годишниот десен бек.

Во 2021 година, Дамфрис се пресели од ПСВ во Интер, за кој одигра 147 натпревари, постигна 13 гола и го освои шампионатот, два Купа на Италија и три Суперкупа.

Текстот Дамфрис го продолжи договорот со Интер е превземен од МАКФАКС.