Шест месеци по втората доза на вакцината против Ковид, потребна е трета вакцинација, се согласуваат имунолозите. Дали тестот за антитела може да открие кога е точното време за т.н „Бустер“ доза?
Не е спорно дека нивото на заштита од коронавирус значително се зголемува по примањето на третата доза од вакцината. Сепак, многумина се прашуваат дали навистина им е потребна таа трета доза? Можеби им останале доволно антитела во телото по претходните две вакцини?
Ако си ги поставите истите прашања, можеби размислувате за тест за антитела за да можете да одлучите за трета доза.
Но, експертите сметаат дека споменатите тестови се корисни само до одреден степен. Во оваа статија ќе одговориме на голем број важни прашања за тоа.
„Бустер“ дозата навистина ќе го зајакне вашиот имунолошки систем и ќе го направи поподготвен за одбрана на телото во случај на инфекција со вирусот Сарс-КоВ-2.
Сепак, често употребуваниот термин „бустер“ не е целосно точен, вели германскиот имунолог Картсен Ватцл, бидејќи дополнителната вакцинација всушност го враќа она што недостасува.
Навистина, „бустер “ дозата не само што ќе ви го врати нивото на имунитет, туку и ќе обезбеди поефикасна заштита отколку што сте имале по втората доза.
Секој пат кога имунолошкиот систем ќе дојде во контакт со патогени или со вакцина, тој станува посилен и поотпорен, објаснува Ватцл.
Тестирањето на антитела не е без причина. Сакате да знаете на кое ниво е вашата заштита по претходните вакцини и врз основа на тие информации проценете дали ви треба дополнително.
Во овој контекст, тестот за антитела може да разјасни некои работи, вели Андреас Бобровски, претседател на Професионалното здружение на германски лабораториски лекари.
Сепак, тој не го препорачува за општа употреба. Од ваквите тестови, важни информации за тоа колку биле успешни првите две дози можат да добијат оние кои се подложни на инфекции или генерално се со намален имунитет, објаснува тој.
Имено, научниците не се согласиле за нивото на антитела кои гарантираат сигурна заштита, што значи дека и по ваков тест може да се чувствувате несигурно.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.