Во Вашингтон со децении циркулира таканаречената теорија „Пентагон пица“, според која, врз основа на активноста во пицериите и другите ресторани во близина на седиштето на Министерството за одбрана на САД, може да се „предвидуваат значајни светски настани“.
Оваа теорија, која секако не треба да се сфаќа сериозно, туку само како забава, сугерира дека натпросечната активност во доцните вечерни часови во рестораните околу Пентагон може да укаже дека во таа зграда се подготвува „нешто големо“.
Иако оваа теорија постои со децении, таа неодамна стана многу популарна на социјалните мрежи.
Стана толку популарна што сега има многу следен профил на „Икс“, наречен „Пентагон пица извештај“, кој објавува ажурирања за активностите во рестораните околу зградата на американското Министерство за одбрана. Некој има време да се занимава со тоа, пишува „Телеграф“.
Но, луѓето очигледно се заинтересирани за ова. Случајностите се особено популарни бидејќи создаваат илузија на предвидливост, што ги наведува луѓето да веруваат дека теоријата функционира.
Таква коинциденција се случи на 12 јуни – „Пентагон пица извештај“ вечерта објави дека „речиси сите пицерии во близина на Пентагон забележале огромен пораст на активноста околу 19 часот по локално време. Во тој период Израел изврши напад врз Иран.
— Pentagon Pizza Report (@PenPizzaReport) June 19, 2025
Потеклото на оваа теорија датира од периодот на Студената војна, кога советските разузнавачки служби следеле невообичаено голем број нарачки на пица со цел да ја проценат подготвеноста на САД за можна криза.
Така, на 1 август 1990 година, Френк Микс, сопственик на Домино во Вашингтон, забележал ненадејно зголемување на испораките до зградата на ЦИА, непосредно пред Ирак да го нападне Кувајт, што доведе до Заливската војна.
Микс изјави за Лос Анџелес Тајмс дека сличен бран нарачки на пица се случил во декември 1998 година, за време на процесот на импичмент против тогашниот претседател Бил Клинтон.
Меѓутоа, претставниците на Министерството за одбрана со години ја отфрлаат оваа теорија, наведувајќи дека вработените имаат бројни опции за јадење внатре во самата зграда, што е сосема логично и разбирливо.
Така, поради борбата со теориите на заговор, откриено е што може да се јаде денес во Пентагон.
Портпаролот на Пентагон изјави за „Њузвик“ дека има многу опции за пица во самата зграда, додавајќи дека вработените можат да нарачаат и суши, сендвичи, крофни и кафе без да го напуштат седиштето на Министерството за одбрана.
Текстот Дали сте слушнале за теоријата „Пентагон пица“? Повторно е популарна поради иранско-израелската војна е превземен од МАКФАКС.