За некои теми, како што се финансиите и распределбата на одговорностите, партнерите треба детално да разговараат пред овој важен чекор.
Пред да се преселите со партнерот, важно е да се разговара за практичните и емоционалните аспекти на заедничкото живеење, нагласуваат брачните терапевти. Нивната препорака е пред овој важен чекор детално да се разјаснат одредени теми, како што се финансиите, чувствата и распределбата на обврските.
Како што велат, првото нешто што треба да го земете во предвид е доследноста во однесувањето – едноставно треба да знаете што и во која ситуација можете да очекувате од партнерот.
Доследноста се однесува на склоноста на луѓето денес да се однесуваат на начин што одговара на некои минати одлуки или однесувања. Овој индикатор е од витално значење, бидејќи без него едноставно не можете да му верувате на партнерот, а тоа е предуслов за заеднички живот.
Соодветно на тоа, ова се три работи што треба да ги проверите пред да почнете да го делите вашиот животен простор.
Поделба на одговорности
Ако добро ви поминаа разговорите за распределбата на обврските и финансиите, тогаш сте подготвени за заеднички живот. Дискусиите на овие теми се одличен начин да се оцени и својата и способноста на вашиот партнер да се договорите и да правите компромиси.
Доволно долго сте заедно
Пред да се вселите, терапевтите препорачуваат да поминете значајно време заедно, со цел точно да ја процените доследноста во однесувањето на вашиот партнер.
Се чувствувате удобно кога го делите просторот дури и кога ќе дојде до расправија
Експертите истакнуваат дека меѓу партнерите треба да има високо ниво на опуштеност, дури и кога има несогласувања. Затоа што ако живеете со саканата личност, ќе мора да го делите просторот дури и кога сте вознемирени, изнервирани или не се согласувате.