реклама
Дефицит на калиум се јавува кога личноста има ненормално ниско ниво на калиум во телото, а оваа состојба се нарекува и хипокалемија. Имено, калиумот е минерал кој ни помага да ја регулираме течноста во телото, а придонесува и за подобро функционирање на мускулите и нервите. Се наоѓа во клетките и е од суштинско значење за добро здравје, пренесува Health Direct. Сепак, недостатокот на калиум во организмот е се почеста појава кај луѓето.
Имено, лекарите објаснуваат дека постојат неколку предупредувачки знаци кои би можеле да укажуваат на недостаток на калиум. Тоа вклучува:
реклама
надуеност, дури и кога не јадете
слабост и замор
мускулни грчеви
конфузија
затвор
абнормален срцев ритам (аритмија) – прескокнување отчукувања на срцето или неправилно чукање на срцето
пецкање или вкочанетост
зголемено мокрење.
Недостатокот на овој минерал може да се појави поради неколку различни причини, од кои најчеста е дехидрација. Покрај него, постојат и одредени лекови кои можат да предизвикаат губење на калиум во телото, како што се диуретиците. Склони кон оваа појава се и луѓето кои имаат хронични бубрежни заболувања, нарушувања во исхраната како булимија или екстремно ниско ниво на магнезиум во телото.
реклама