Европската комисија објави дека ќе започне нова анализа во врска со укинувањето на сезонското поместување на времето, што претставува прв институционален чекор на оваа тема од 2019 година.
Оваа одлука е донесена на иницијатива на Полска, која моментално претседава со Советот на ЕУ, и на барање на поединечни членови кои сакаат дополнително разгледување на оваа тема. Со ова се рестартира процес кој е застојан со години, пренесуваат медиумите во регионот.
Како одговор на пратеничко прашање, европскиот комесар Апостолос Цикикостас рече дека Комисијата активно соработува со претседателствата на Советот и земјите-членки со цел да се разгледаат следните чекори, објавува N1.
„Комисијата на ЕУ одлучи да одговори на поканата на една членка и да спроведе дополнителна анализа. Според тоа, се очекува студијата да започне во 2025 година“, изјави Цицикостас во писмен одговор.
Уште во 2019 година, Европскиот парламент усвои предлог за укинување на практиката на поместување на часовникот двапати годишно, но законот не стапи на сила бидејќи не беше постигнат договор меѓу членовите. Главното прашање останува – дали трајно да се остане на зимско или летно сметање на времето.
Студијата што ќе се спроведе треба да ги испита сите последици и изводливоста на секоја промена. Нејзините резултати би можеле да влијаат на продолжувањето на законодавниот процес, а прелиминарните наоди се очекуваат најрано во 2026 година.
Текстот Дали се укинува сезонското поместување на часовникот- рестартиран процесот во ЕУ е превземен од МАКФАКС.