Дали се сеќавате на серијата „Rebelde Way“ или кај нас позната како „Млади Бунтовници“?
Се работи за аргетинска тинејџерска серија која ја освои публиката од целиот свет, а има вкупно 318 епизоди.
Оваа серија се емитуваше и во Македонија во раните 2000-ти години, а публиката имаше можност да ја проследи приказната за младите Миа, Марица, Пабло и Мануел.
На македонскиот пазар во тоа време се појавија и албуми со самолепливи сликички, се купуваа тетратки и маици на кои беа главните ликови, а исто така имаше и касети и ЦД-а од музиката на нивниот бенд „Erreway“.
Во серијата, младите актери ги пребродат ривалствата меѓусебе и ќе формираат бенд, но, приказната всушност ги отсликува и проблемите со кои се соочуваат тинејџерите.
Еве како изгледаат актерите денеска:
- МИА (Лусиана Лопилато)
- МАРИЦА (Камила Бордонаба)
- ПАБЛО (Бенхамин Рохас)
- МАНУЕЛ (Фелипе Коломбо Егуја)