реклама

Истражувачите од Медицинскиот факултет Северен Сечуан во Кина открија врска помеѓу присуството на камења во бубрезите и консумирањето на слатка храна и газирани пијалоци.

Нивното истражување се заснова на анализа на здравствените информации и навиките за исхрана на 28.000 жители на САД. Резултатите од истражувањето укажуваат на значајна поврзаност: луѓето кои консумирале значителни количини додаден шеќер имале 39 отсто поголеми шанси да развијат камења во бубрезите.

реклама

Насоките за исхрана наведуваат дека возрасните не треба да надминуваат 30 грама шеќер дневно. Ова е особено важно имајќи предвид дека камењата во бубрезите се сериозна здравствена состојба која може да влијае на еден или двата бубрези, а почесто ги погодува луѓето на возраст меѓу 30 и 60 години. Тие обично се формираат во бубрезите или уретерите и може да предизвикаат силна болка, па дури и да доведат до инфекции или откажување на бубрезите ако не се третираат правилно. Оваа болест е рангирана меѓу 20-те најболни медицински состојби.

Беше забележано и дека претходните истражувања ги идентификуваа дебелината, дехидрацијата и дијабетесот како фактори кои го зголемуваат ризикот од развој на камења во бубрезите. Од друга страна, прекумерното консумирање храна може да придонесе за дебелина или дијабетес тип 2.

реклама