Дефанзивецот на Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос одржа тренинг со тимот. Сепак, неговото учество во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите против Манчестер сити останува под знак прашалник, објави „RMC Sport“.
Оваа сезона засилувањето на ПСЖ од Реал Мадрид нема одиграно ниту еден натпревар за парискиот клуб.
Да потсетиме дека Серхио Рамос стана фудбалер на парискиот клуб во јули 2021 година.
Договорот на Рамос со ПСЖ е со важност до 2023 година.