Многу луѓе веруваат дека овошјето може да биде само здраво, па затоа се трудат да јадат што повеќе. Меѓутоа, ако претераат, може дури и да се здебелат, што според експертите не е цел на повеќето.
– Овошјето , како и другите намирници, содржи калории за гоење. Имав пациенти кои не можеа да разберат зошто имаат прекумерна тежина. Тие се оправдале со јадење здрава храна и конзумирање на големи количини зеленчук. Излегува дека во текот на денот јадат овошје и пијат овошни пијалоци, заборавајќи дека и овошјето содржи калории – вели за Хафингтон пост д-р Карел ле Ру, американски нутриционист.4 g фруктоза е еднаква на една кафена лажичка шеќер

свежа смоква – 2 g фруктоза

осум цреши – 2,4 g фруктоза

портокал – 3,6 g фруктоза

пет јагоди – 4 g фруктоза

чаша сок од портокал – 5 g фруктоза

банана – 5,5 g фруктоза

грст грозје – 8,7 g фруктоза

јаболко златно, благо – 11 g фруктоза

круша – 11 g фруктоза