Претставничката на Кипар на овогодинешната „Евровизија“, талентираната Андромаха, со недели важи за најубава учесничка на фестивалот.
Само што излезе на сцената, број 9 во второто полуфинале, нејзиниот настап ја маѓепса публиката во арената во Торино, но и ширум светот.
Социјалните мрежи се преполни со коментари за изгледот на претставничката на Кипар, но и песна чиј ритам лесно се памети.
Да потсетиме, освен претставничката на Македонија, вечерва настапија и претставници на Финска, Израел, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Србија, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија. Се натпреваруваат и Шведска и Чешка.