По инаугурацијата на Доналд Трамп, многу корисници на социјалните мрежи останаа збунети околу една работа. Забележале дека ги следат профилите на Инстаграм на новиот претседател и потпретседател, иако, тврдат, никогаш не ги посетиле тие профили. Без разлика, велат, објавите на Доналд Трамп и Џеј Ди Венс се појавува во нивните feed-ови.

Некои корисници дури изјавија дека ги отпратиле овие сметки повеќе пати, но дека Инстаграм автоматски ги додава назад. Овој феномен поттикна бројни теории, но вистинското објаснување е многу помалку возбудливо. Мета рече дека правилата на социјалните мрежи се менуваат кога новиот претседател ќе пристигне во Белата куќа. Овие правила важат не само за претседателот, туку и за сметките на првата дама и потпретседателот.

Мета вели дека кога Белата куќа ќе ја смени власта, официјалните сметки на социјалните мрежи се префрлаат на новата администрација.

На пример, на 20 јануари, кога Трамп ја презеде функцијата, официјалните сметки на Инстаграм и Фејсбук на сега веќе поранешниот претседател Џо Бајден беа архивирани. Инстаграм профилот на Бајден сега е под корисничкото име @potus46archive, додека официјалната сметка на Трамп сега е @potus. Следбениците на сметката на Бајден автоматски беа префрлени на сметката на Трамп, што е стандардна практика на социјалните мрежи. Тие додаваат дека архивираните сметки се задржуваат кај постојните следбеници, но дека содржината се брише.

Доколку корисниците на Инстаграм не сакаат да ги следат Трамп или Венс, процесот е ист како и за сите други сметки. Едноставно кликнете на трите точки на профилот и изберете ја опцијата „unfollow“ или „block“.

Иако автоматското следење може да изгледа наметливо, тоа е дел од стандардниот процес кој обезбедува континуитет на комуникација помеѓу Белата куќа и јавноста. За оние кои не го сакаат, опцијата за исклучување е секогаш при рака.

Текстот Дали вашиот Инстаграм автоматски почна да го следи Трамп: објаснувањето е едноставно е превземен од МАКФАКС.