Според странските медиуми, време е повторно да се снабдиме со маски, „парацетамол“ и тестови за корона, бидејќи се чини дека новата варијанта на Ковид е во пораст.
Но, овој пат, според порталот „The Sun“, во центарот на вниманието се најде новата варијанта омикрон, која се нарекува ерис. Се верува дека овој вид е помалку сериозен од претходните варијанти, но сосема веројатно – позаразен.
Притоа многу лесно може да се маскира како летна настинка, што значи дека заразениот може несвесно да го пренесе.
На пример, според британската агенција за здравствена безбедност, најновите податоци покажуваат дека ерис, или EG.5, е вториот најчест вид на ковид во Обединетото Кралство, со 14,6 проценти од случаите.
Професорот Дејвид Страјн, од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Ексетер, изјави за Би-Би-Си дека симптомите на новата варијанта се како „лоша летна настинка“.
-Ако го фатите, имате летна треска и вашето тело реагира многу брзо – вели професорот и додава дека нема причина за паника, но дека луѓето треба да бидат свесни дека тоа се случува. Тој додаде дека за повеќето од нас кои сме целосно вакцинирани, ова не е поризично од обичен случај на грип.
Сегашната варијанта на омикрон, Ерис, се покажа како поблага од другите што дојдоа пред неа, како што се делта и алфа.
Всушност, американските експерти за КОВИД посочуваат дека една голема разлика е тоа што сте заразни подолго време со Ковид, во споредба со грип или настинка.
Во просек, луѓето можат да почнат да го шират вирусот што предизвикува Ковид-19 два до три дена пред почетокот на симптомите, но инфективноста го достигнува својот врв еден ден пред почетокот на симптомите. Во просек, луѓето се сметаат за заразни околу осум дена по почетокот на нивните симптоми.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.