Без разлика дали верувате во судбина или не, во некој момент сигурно сте се запрашале дали човекот со кој сте во врска ви е “суден“.
Можеби нема да останете со него до крајот на животот, но на основа на неколку параметри можете да проверите дали вашата врска има иднина.
# Разговарате со него за се…ако со него споделувате нешта кои на други не се осмелувате да им ги кажете, тоа секако е добар знак.
Вашите тајни, желби и сонови не би требало да ги чувате само за себе, но ако имате желба со него да ги споделите тоа е знак дека можеби сте создадени еден за друг.
# Му дозволувате да ве види во било какво издание…со него се чувствувате доволно удобно па не ви е проблем да ве види во најлошо издание.
Тоа значи дека сте го надминале стадиумот на само физичка привлечност.
# Не се плашите да му противречите…ако сте во врска во која се плашите да го кажете своето мислење, тоа не е добро.
Партнерот мора да знае што навистина вие мислите и да го почитува вашиот став, без разлика дали се сложува или не.
# Се смеете и уживате…иако звучи како нешто недоволно важно да се спомне, верувајте многу често забораваме на тие основни работи.
Паровите кои се смеат кога се заедно имаат најголеми шанси да останат заедно засекогаш.
# Убаво ви е и кога молчите…непријатна тишина е едно, но кога чувствувате дека ви е доволно убаво заедно да не морате да измислувате начини како да ја разбиете тишината, тогаш сте на добар пат.
среќа.мк