Фудбалската јавност во Шпанија го анализира дебаклот на реал во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите. Арсенал, вчера го прегази „кралскиот клуб“ со 3:0.

Еден од оние кои се разочрани од играта на Реал е Хозе Марија Гути. Човекот кој три пати ја освои Лигата на шампионите со Реал и одигра 387 натпревари помеѓу 1995 и 2010 година.

„Реал во ниту еден момент не ја контролираше играта. Анчелоти рече дека овој тим секогаш покажува реакција, но тоа не беше случај против Арсенал. Она што е видливо за мене е дека тимот физички паѓа и се мачи во вториот дел“, изјави Гути, а потоа „уфри“ по најголемите ѕвезди.

„Најдобрите играчи треба да бидат на ниво кога се во прашање најважните натпревари во сезоната. Килијан Мбапе, Винисиус, Родриго и Џуд Белингем, но од четворицата никој не се „појави“, каде беа“?

Текстот Гути: Реал нема кондиција, најголемите ѕвезди не се појавија на натпреварот е превземен од МАКФАКС.