Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изјави дека убиството на повеќе од 100 лица, кои чекале хуманитарна помош во Газа, е ситуација која бара ефикасна и независна истрага.
Гутереш, во Сент Винсент и Гренадини, пред самитот на Заедницата на државите од Латинска Америка и Карибите, изјави дека е „шокиран“ од последниот инцидент во војната меѓу Израел и Газа, пренесуваат британските меидуми, јавува новинаската агенција МИА.
Генералниот секретар на ОН, одговарајќи на прашања за неуспехот на неодамнешната резолуција на Советот за безбедност на ОН со која се бараше прекин на огнот во Појасот Газа, нагласи дека влошувањето на геополитичките поделби „го трансформира правото на вето во ефикасен инструмент за парализа на Советот за безбедност. ”
-Апсолутно сум убеден дека ни треба хуманитарен прекин на огнот и безусловно и итно ослободување на заложниците и дека треба да имаме Совет за безбедност способен да ги постигне овие цели, рече Гутереш.