Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика на солидарност и единство за решенија кои можат да им помогнат на сите луѓе, наведувајќи дека поддршката за закрепнувањето треба да биде клучна обврска во 2022 година. Во својата новогодишна порака, Гутереш истакна дека светот се соочува во 2022 година со бројни предизвици, како што се растечката сиромаштија и зголемената нееднаквост, нееднаквата распределба на вакцините против ковид-19, неисполнетите ветувања во борбата против климатските промени, но и конфликти, поделби и дезинформации.
„Ова не се тестови само за политичарите. Тоа се морални тестови од реалниот живот. Ова се испитите што човештвото може да ги положи ако се посветиме 2022 година да биде година на закрепнување за сите“, рече Гутереш.