Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави денеска во Нигерија дека проблемот со глобалната безбедност на храната не може да се реши без обновување на украинското земјоделско производство и руското производство на храна и ѓубрива за светскиот пазар.
Advertisements
Според него, руската инвазија на Украина во февруари ја зголеми нестабилноста на финансиските пазари со зголемување на цените на суровините и влијание врз логистиката, со потенцијално нарушување на економското закрепнување од ефектите на пандемијата на Ковид во многу земји, пренесува Ројтерс.
„Нашата анализа покажува дека војната во Украина само ја влошува ситуацијата и предизвикува тродимензионална криза која ги уништува глобалните прехранбени, енергетски и финансиски системи на земјите во развој“, изјави Гутереш.
Тој додава дека „нема вистинско решение за проблемот со глобалната безбедност на храната без враќање на земјоделското производство на Украина и производството на храна и ѓубрива од Русија и Белорусија на светскиот пазар“.
Гутереш истакна дека е решен да го забрза дијалогот за да помогне во остварувањето на тие цели.