Има проблеми со фингерптин апаратите. Битно е само ризиците да се надминуваат навремено. Имаше прекин во одредени гласачки места, поради лошо ракување со уредите за биометриска идентификација од страна на членовите на избирачките одбори, потоа лош квалитет на базата на отпечатоци од прст што доведе до непрепознавање на отпечатоците и одреден застој во гласање. Избирачките одбори имаат должност да проверат два пати на отпечатокот со прст, доколку нема препознавање да преминат со скенирање на документот на гласачот, односно со скенирање на матичниот број, изјави портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска за ТВ21.
-Имаше неколку избирачки места на кои требаше да се замени уредот на биометриска идентификација, така што и гласањето и таму е продолжено.
Предвидено е во изборниот законик дека може да има прекин во гласањето. Доколку прекинот траел од 1 до 3 часа за толку ќе се продолжи гласањето, истакна Гугучевска.
Таа истакна дека во моментов има 400 технички лица на терен, 320 ангажирани од ДИК, 80 ангажирани од компанијата која што ги произведува уредите за идентификација. Сите функционираат од утринава од 6 часот без застој.