Грција ќе предложи да ја преземе командата на европската операција во Црвеното море и ќе го понуди штабот во грчкиот град Лариса како седиште, соопшти министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендиас од Брисел пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за одбрана на Европската унија, јави дописничката на МИА од Атина.
Дендиас рече дека на состанокот ќе разговараат за Украина, но и за европската одбранбена индустрија, која е од особен интерес за Грција.
-Исто така, ќе разговараме за европската операција во Црвеното Море и ќе предложам, ќе понудам, Грција да ја преземе командата на операцијата, исто така ќе го понудам штабот во Лариса како штаб на операцијата, рече Дендиас.