
Грција ќе учествува во обуката на украински пилоти за борбените авиони Ф-16, соопштија премиерот на Грција, Киријакос Мицотатис, и украинскиот претседател Володимир Зеленски по синоќешната средба во Атина.
За време на заедничката прес-конференција, Зеленски се заблагодари и за помошта што Грција ѝ ја понудила на Украина во форма на нов одбранбен пакет за украинските сили.
Мицотакис, пак, истакна дека Грција ќе помогне во обновата на Украина, со фокус на градот Одеса.